Крводарителските акции ќе замрат

Поради необезбедени средства од страна на Министерството за здравство, крводарителството страда.

 |  Николоска Биљана  | 

Се потешко се организираат крводарителски акции. Министерството за зрадвство не ги обезбедува потребните средства за тоа а кои се планирани со програмата за унапредување на крводарителството. На овој сериозен проблем денеска на светскиот ден на крводарителството укажа Претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точко. Според него, занемарена била мотивацијата на крводарителите и одржување на крводарителските акции.

tocko

 „За жал причините за тоа незнам кои се и несакам да навлегувам но последиците можам и ги разбирам и ги гледаме и ги чуствуваме секојдневно не сме во можност веќе да организираме крводарителските акции на начин како што ги организиравме затоа што за тоа се потребни средства кои што доаѓаат од програмата за унапредување на крводарителството а ние како Црвен крст на Македонија не сме ги добиле од нашиот партнер и соработник Министерството за здравство“-вели Точко.

Првите негативни последици поради ваквиот однос на Министерството за здравство, веќе се чувствуваат, нагласи Точко Тоа е одложувањето на наредната редовна акција која се оддржува на крајот на јули со крводарители од Скопје, Прилеп и Кавадарци, а поради неможноста да се соберат средства за да се донеста крводарителите од спомнатите градови.

„Жал ми е што тоа се случува сега во летниот приод кога што најповеќе е потребна крвта, но навистина премногу сме оптеретени со финансиски проблеми од овој аспект во делот на крводарителството така да неможеме да бидеме во можност тоа да го организираме доколку не се случи ситуација Министерството за здравство да си ја заврши својата обврска. Многу е лошо чуството кога на еден крводарител кој што очекува да дојде и да даде крв, да ја покаже својата хуманост доброволно и бесплатно му кажувате дека нема да се одржи крводарителската акција“-објаснува Точко.

krvodaritelska akcijaВеќе се чуствува намалување на бројот на крвни единици и состојбата станува алармантна, укажува Точко. Апелирано е до ресорното министерство но досега тоа не вродило со никакви резултати, додава тој. И покрај ваквата финансиска состојба, од Црвениот Крст од Охрид со несебично залагање во духот на нивната мисија, прават напори да не замре крводарителството.
Веќе во сабота на 16тим, на плажата Оревче, ќе се одржи крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството , за што е обезбеден превоз со брод со тргнување од градското пристаниште во 10 ч и 30 мин. Точко најави и богата културно уметничка програма за тој ден.
Инаку, за светски ден на крводарителите е избран 14 јуни по повод роденденот на Карл Лајштајнер, пронаоѓачот на четирите основни крвни групи. Овој ден е посветен на милиони луѓе кои доброволно, анонимно и ненеградено даруваат крв и секојдневно спасуваат нечиј живот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top