Крв, да благодарам!

Бројот на крводарителите од година на година е во подем. Покрај повозрасните крводарители, се повеќе се вклучуваат и оние помладите кои за прв пат стануваат крводарители, задоволно истакнува претседателот на и општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.

 |  Валентина Нелоска  | 
priznanija
признанија

Танче Трајчески е наш хуман сограѓанин кој досега 50 пати  дарувал крв. Носител е на крвната крупа А позитив  и е среќен  што со својата несебична дарежливост е дел од големото крводарително семејство.  Хуманоста ја пренесол и на своите најблиски.Неговиот син и ќерка веќе по пет пати  дарувале крв следејќи гипостапките на својот хунам татко.

И Борис Стојаноски од Горно Лакочереј е дел од хуманото семејство на охридските крводарители. Тој досега 32 пати подарил од својата скапоцена течност. Се гордее што повеќе пати се одзвал на повик каде што итно била потребна неговата крвна група.

Бројот на крводарителите од година на година е во подем. Покрај повозрасните крводарители кои редовно поповеќе пати дарувале крв, се повеќе се вклучуваат и оние помладите кои за прв пат стануваат крводарители задоволно истакнува претседателот на и општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.  Сите 24 редовни и вонредни крводарителни акции минатата година биле успешно организирани со голем одзив на крводарителите. Лани биле собрани 2365 крвни единици и за 56 проценти повеќе е надминат годишниот план за крводарување вели Точков.

priznanijaДенот на крводарителите, денес беше одбележан со доделување на признанија, плакети и благодарници на  поединци, институциите и фирмите кои дале свој придонес за унапредување на крводарителството во нашиот град вклучувајќи се во низата акции кои ги организирал и спровел општинскиот црвен крст. Доделени се признанија на крводарителите кои дарувале 5,10, 15, 20, 50 и 70 пати. Во општина Охрид има еден крводарител со 75 пати дарувана крв, 4 –ца со 50 крводарувања и 23 –ца крводарители кои 25 пати дарувале крв.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top