Кружните текови,според ОК на ВМРО ДПМНЕ, нема да го решат сообраќајниот хаос

Активностите на Локалната самоуправа за уредување на седум крстосници во Охрид со кружни текови, тема на денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Охридските вмровци обвинуваат  дека кружните текови не само што не се добро решение туку и дека дополнително ќе го влошат сообраќајниот хаос во градов.

 |  Маја Савиќ  | 
Nikola Mitrovic
Никола Митровиќ

Обидот на градоначалникот Петрески да го решава сообраќајниот хаос со раскопување на охридските улици за време на туристичката сезона, ќе направи непоправлива штета по угледот на градот и ќе го скрати економскиот профит на туристичките работници, обвини портпаролот  на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ. Општинските вмроoвци сметаат дека овој горлив проблем на градот не може да се реши со неколку кружни текови, бекатон плочки и цвеќенца. Напротив нивната изградба на регионален и магистрален патен правец како што е булеварот Туристичка ќе предизвикала тотален сообраќаен хаос во Охрид, предупредуваат од Вмро Дпмне.

Митровиќ„Ваквиот чекор не само што ќе го дуплира сообраќајниот хаос туку ќе доведе во опасност и учесниците во сообраќајот посебно пешаците и велосипедистите. Тие не смеат да бидат жртва на лудата одлука и неинвентивноста на Петрески за да си го скроти падот на рејтингот пред граѓаните на Охрид.“ – Никола Митровиќ, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Митровиќ , на пресот  ја издвои како неиздржана најавата на Раководителот на Одделението за сообраќај  Зоран Шикалески за периодични запирања на сообраќајот ако случајно се пробие рокот во изградбата на кружните..

„Општината Охрид против сообраќајниот хаос ќе се бори со создавање на уште поголем хаос правејќи времени запирања на сообраќајот по главните собраќајници и нивно пренасочување.“– Никола Митровиќ, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

На крај од прес конференцијата, Митровиќ, на новинарско прашање „дали ВМРО ДПМНЕ е против кружни текови во гтрадот“, одговори дека тие не се против вакво сообраќајно решение но сметаат дека е направена грешка со тајмингот поради почетокот на туристичката сезона и локацијата на кружните текови на магистрален патен правец.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top