Кружниот тек кај „Охридска банка“ денес затворен за сообраќај

Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид ги информираат граѓаните дека поради поставување на завршниот слој на асфалт на новата кружна крстосница на булевар „Туристичка“ со улица „Македонски Просветители“ од денеска 3-ти декември до недела 6-ти декември во периодот од 8 до 18 часот оваа крстосница ќе биде затворена за сообраќај на следните локации: Булевар, „Туристичка“ на пресек со ул.„Абас Емин“ и ул. „Даме Груев“ како и на пресекот на улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ со булевар „Туристичка“.

 |  Голабовски Крсте  | 
kruzen

kruzenОд Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид ги информираат граѓаните дека поради поставување на завршниот слој на асфалт на новата кружна крстосница на булевар „Туристичка“ со улица „Македонски Просветители“ од денеска 3-ти декември до недела 6-ти декември во периодот од 8 до 18 часот оваа крстосница ќе биде затворена за сообраќај на следните локации: Булевар, „Туристичка“ на пресек со ул.„Абас Емин“ и ул. „Даме Груев“ како и на пресекот на улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ со булевар „Туристичка“.

Од општина Охрид упатуват молба до граѓаните во овој период да ги користат околните улици за сообраќај, а за избегнување евентуален сообраќаен метеж посочуваат да се користи обиколницата на град Охрид односно ул. „Железничка“.

Според локалната самоуправа со изградбата на оваа, како и преостанатите 3 нови кружни крстосници на бул. „Туристичка“ се придонесува кон подобрување на протокот на луѓе и возила на оваа главна сообраќајна артерија во градот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top