Кризниот штаб препорача ковид-изолацијата да трае седум дена

 

На синоќешната седница Главниот координативен кризен штаб ја усвои препораката на Комисијата за заштита од заразни болести за кратење на периодот за изолација на ковид-позитивните од десет на седум дена.

 |   | 

На синоќешната седница Главниот координативен кризен штаб ја усвои препораката на Комисијата за заштита од заразни болести за кратење на периодот за изолација на ковид-позитивните од десет на седум дена.

Препораката за кратење на изолацискиот период е врз основа на предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести поради, како што наведуваат од  Владата, полесната клиничка слика што ја предизвикува сојот омикрон.

На седницата на Главниот координативен кризен штаб министерот за здравство Беким Сали ја презентирал моменталната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19 во земјава.

Препораката од Главниот координативен кризен штаб е веќе доставена до Владата, а за неа ќе треба да се расправа на следната владина седница, информира владината прес-служба.

Претходно, министерот за здравство Беким Сали истакна дека засега единствено се размислува за кратење на изолацискиот период за ковид-позитивните од десет на седум дена, но не и за укинување на сертификатите и маските.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top