Кризниот штаб на терен

Сто дваесет и пет граѓани, пријавиле оштетување на ѕидовите на индивидуални куќи и станбени згради, а превентивно е затворен и еден од објектите на детската градинка.

 |   | 

Синоќа формираниот кризен штаб денес при Локалната самоуправа од Охрид, денес повторно заседаваше врз основа од првите информации за состојбата на терен. После увидот кој беше направан во врска предизвиканите штети од вчерашниот силен земјотрес, констатирани се 125 случаи на граѓани кои пријавиле оштетување на ѕидовите на индивидуални куќи и станбени згради. Уште синоќа стручните служби на ИЗИС и Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ извршиле анализи на три објекти и на сите детски градинки, информираше Градоначалникот на Охирд, Никола Бакрачески.

„Заради превентивно избегнување на опасност, одронување на малтер, една од градинките ќе биде затворена за прием на деца. Тоа е градинката кај Историскиот архив, додека сите останати може непречено да продолжат со работа и нема според експертите опасност од настанување на штети па дури и ако продолжи ваквата активна сеизмичка активност“ вели, Никола Бакрачески – Градоначалник Општина Охрид.

Во координација со четирите стручни тимови на ИЗИС ќе се направи набљудување на најзагрозените објекти и проценка за тоа каде треба да се интервенира.

„Прво ќе бидат опсервирани јавните институции, пред се болниците како налагаат стандардите, сите здравстнеи установи каде се сместени пациенти и има персонал, потоа ќе се продолжи во СВР, Пожарна и сите инволвирани во рпва рака да учествуваат во активностите на овој кризен штаб“ додава Никола Бакрачески – Градоначалник Општина Охрид.

Бакрачески изјави дека тимовите ексерти по направениот увид се задолни од квалитетот на градбите во Охрид и досега не се забележани објекти кои имаат висок ризик на загрозеност, т.е. подложни на сериозни оштетувања односно градби кои граѓаните треба да ги напуштат.Митко Темелковски – Центар за управување со кризи од Охрид информира дека после вчерашниот силен земјотрес на телефонскиот број 195, досега регистрирани се 175 повици на граѓани кои се пожалиле на оштетување на објекти во кои живеат или работат. Видот на оштетувањата е од обем кој гарантира статичка стабилност, потенцира Темелковски.

„Се оштетувања на конструктивни елементи како оџаци, делови од преградни ѕидови, напукнувања на врската помеѓу столбовите и ѕидовите кои градежниците ги викаат крути врски, коие еластично не може да се спротистават на сеизмичките влијанија.Но во исто време се јавуваат и оштетувања на места на објекти каде има доградби па таа т.н дилатациона фуга не функционира“ посочува Митко Темелковски – Центар за управување со кризи – Охрид.

Се јавувале и граѓани кои се пожалиле на пад на опрема, мебел или апарати за домаќинство, во зависност од тоа каде се наоѓале во домот. Регистрирани се и две јавувања за оштетени автомобили, предизвикани од срушени оџаци.Граѓанаите да постапуваат максимално смирено, да не излегуваат брзоплето и да преземат мерки на самозаштита од предмети во домот на кои может да се повредат, секакода ги следат инструкциите на надлежните институции и да ја задржат пред се својата присебност, апелира Темелковски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top