Во криза атлетиката во Охрид

Атлетскиот клуб од Охрид ќе остане без управен одбор. Ако во рок од 10 дена не се изнајде начин да му се помогне на ова аматерско спортско друштво кое постои цели 38 години, ќе мора да дадеме колективна оставка, изјави претседателот на Управниот Одбор, Пецо Неданов.

 |  Николоска Биљана  | 
atletika
атлетика

atletikaУправниот одбор на Атлетскиот Клуб, „Охрид“ ќе си поднесе колективна оставка, доколку во рок од 7 дена не се преземат мерки за надминување на финансиските проблеми, со кои овој клуб се соочува години наназад. Спортот што треба да е прв, е меѓу последните во Македонија. Базичен спорт, кралица на спортовите, основа за сите други спортови, така ја нарекуваат атлетиката во светот, вели Пецо Неданов. Тој додава дека немаат средства атлетичарите да ги пуштат на натпреварување а да не зборуваме за подготовки, опрема и некаков стимул.  

„Управниот Одбор со овој проблем се бори веќе неколку години и досега покрај со лична помош и со помош на општина Охрид, Атлетска федерациија и Агенција за млади и спорт некако успеваше да ги надмине проблемите, но за жал годинава од агенцијата имаме известување дека нема да имаме никакви приходи. Атлетската федерација помага, општината неколку пати ни излезе во пресрет со превоз но тоа не е доволно да продолжиме со натпреварите“. – вели Неданов.

atletikaОхридскиот атлетски клуб високо котира на ниво на Македонија по постигнати спортски резултати вели тренерот на клубот Влатко Димитров. Тој веќе ја гази третата деценија откако стои на кормилото на клубот и говори за сликата на успешноста на клубот. Димитров очекува дека Локалната самоуправа на Охрид, ќе се огласи после нивниот апел за помош на клубот на кого му претстои сениорското првенство како би можеле да ги потврдат минатогодишните резултати како прваци на Македонија.

„Што се однесува до медали вкупно досега за овие години се освоени 1850 златни, 1744 сребрени, 1327 бронзени медали или вкупно 4927 медали. Во овој изминат период постигнати рекорди од атлетичарите се преку 110 рекорди заедно сите клубови во Македонија да се соберат немаат толку.“ – истакна Димитров.

Проф Ристо Трајкоски еден од основачите на Атлетскиот Клуб „Охрид“, вели дека тешко му паѓа кога од претседателот слуша дека клубот е во тешка финансиска состојба и дека ченовите УО подготувуваат оставка заради неможност да се продолжи со финансирање.

atletika„На голема штета ќе биде на атлетичарите а посебно на оние кои што постигнуваат високи спортски резултати како што истакна тренерот Димитров. Јас сметам и апелирам до Локалната самоуправа и до градоначалникот, да направат напори и да помогнат во оваа состојба на АК во поглед на финансирањето. Затоа што и Агенцијата за млади и спорт и покрај тоа што бевме на прво место во републиката порано финансираше а сега и тие откажаа од финансирање, а сега Локалната самоуправа треба да се завземе, за да се продолжи 38 годишната успешна традиција во поглед на атлетскиот спорт.“ – нагласи Трајкоски.

Охридските атлетичарите се во добра кондиција, секојдневно освен во недела одржуваат тренинзи. На клубот му треба финансиска конструкција од 15 000 евра, што е побарана од охридската Локална самоуправа, за да успее да исплива од кризата која го гуши клубот, како што истакна тренерот Димитров.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top