Кривична пријава за поранешниот директор на „Комуналец“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Боро Павлоски од Охрид за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

 |  Николовска Биљана  | 
Boro Pavloski
Боро Павлоски

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Боро Павлоски од Охрид за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Поранешниот директор на ЈП „Охридски Комуналец“ Боро Павлоски, во април 2007 година склучил договор со АД „Галеб“ за издавање под закуп на изградено градежно земјиште „Нова автобуска станица“ во Охрид. Во 2008 година договорот повторно бил обновен, иако АД „Галеб“ не ја платил закупнината од 2007 година. Истото се случило и во 2009 година, каде по спроведената постапка за издавање под закуп со јавно наддавање по оглас, обвинетиот Б.П. ги игнорирал укажувањата и сугестиите на Комисијата за спроведување на постапката за целосна наплата на долгот, истиот не покренал постапка за присилна наплата и повторно склучил договор со АД „Галеб“. Со овој потег Павлоски и овозможил на фирмата АД „Галеб“ имотна корист во вкупна вредност од 1.982.412 денари, се вели во дел од извештајот на СВР Охрид по повод поднесената кривична пријава против екс-директорот на ЈП „Охридски Комуналец“.

Оваа информација беше причина да го исконтактираме Павловски, кој во телефонскиот разговор ни рече дека е изненаден од  информацијата за наводната кривична пријава. Тој кажа дека до моментот на нашиот разговор нема добиено пријава од СВР Охрид ниту пак од охридскиот суд.Се што има слушнато во врска со ова е само од медиумите и се додека не ја добие лично пријава не може и нема што да коментира, додава Павловски. Тој рече дека неговиот четиригодишен мандат во директорската фотеља на ЈП „Охридски Комуналец“ ја извршувал совесно и затоа крајно непријатно е изненаден од најновите случувања.
Првиот човек на АД „Галеб“ Љубен Василески, кој исто така е инволвиран во овој случај, не гледа никаков криминал во работењето на екс-директорот Павловски – барем не во контекс на договорите кои ги склучувале. „Секоја година ние уредно се јавуваме на тендер, склучувавме годишен договор согласно Законот и Статутот на АД „Галеб“, заедно со Управниот одбор“, вели Василески. Тој додава дека месечната кирија за автобуската станица изнесува 70 000 денари и се плаќа во зависност од можностите. Побарувањето не е застарено. Моменталниот долг на АД „Галеб“ према „Комуналец“ изнесува милион и четиристотини денари и наплатата тече континуирано. За 15 дена ќе биде подмирен целиот долг, објаснува Василески. Договорите за спорните години склучени се во присуство со претставници на АД „Галеб“, градоначалникот Александар Петрески, Зоран Шикалоски од Локалната самоуправа и Боро Павлоски, кажува Василески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top