Кривична пријава за извршител од Охрид

Нови моменти од случајот со петте станови на ул.„Карпош Војвода“ кои се заглавени во имотно правен спор, кој се води помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник.

 |  Голабовски Крсте  | 
zgrada
зграда

Нови моменти од случајот со петте станови на ул.„Карпош Војвода“ кои се заглавени во имотно правен спор, кој се води помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник.

zgradaОд СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување “СВР Охрид против лицето Д.Ф. (58), извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, поднесе кривична пријава.   

Пријавениот, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на границите на своето службено овластување и спротивно на донесено решение од Основниот суд во Охрид,  бесправно презел извршни дејствија за насилно отворање на врата, влегување, прибирање на податоци за проценка и замену- вање на оштетена брава со нова, во стан во населбата „Расадник“. 

Тоа го направил постапувајќи по предмет по барање  од доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија против должникот АДГ „Трудбеник“.   

зградаТакви извршни дејствија, пријавениот извршител планирал да преземе и во три други станови во зграда 1 во населбата „Расадник“ иако уредно бил запознаен дека за сите четири станови.

Основниот суд во Охрид донел решение за времена мерка на доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија, за забрана на преземање на натамошни дејствија за проценка, одтуѓување и продажба на четирите стана.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top