Кривични пријави за дел од поранешниот менаџмент на охридската општа болница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против три лица од Охрид.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против три лица од Охрид.

– Од ноември 2013-та до август 2017-та година, 62-годишниот Љ.А. и 60-годишниот М.К. во својство на директор и помошник директор за економски работи на ЈЗУ „Општа болница“ од Охрид, со пропуштање на должен надзор во вршењето на службените овластувања, на 47-годишната Г.С.М. и` овозможиле продолжување на времетраењето на нејзините докторски специјализации од максимум утврдениот рок од 60 месеци и не ја задолжиле да се врати на работното место општ доктор во болницата. Наместо тоа, Љ.А. и М.К. и` овозможиле да остане уште 46 месеци на сметка на болницата, исплаќајќи и плата и надоместоци без извршени работни задачи. На тој начин, тие и нанеле штета на ЈЗУ „Општа болница“ од Охрид од вкупно 1.240.727 денари, информираат од МВР.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top