Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од Струга.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од Струга.
Во текот на ноември 2015 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на неговиот пријател И.М. од Струга лажно му прикажал факти и го довел во заблуда, кажувајќи му дека познава луѓе од Скопје кои за одреден паричен надомест ќе му обезбедат работно место во Германија. Притоа, пријавениот побарал, и од И.М. во периодот ноември 2015-јануари 2016 година, добил вкупно 66.920,оо денари. Тој не му обезбедил работа и заминување во Германија, со што го оштетил за наведената сума, која според негово кажување била потребна за документација, за пат, за лекарско, за стан, за повратна карта, за данок и слично. По препорака од пријавениот, оштетениот И.М. на е-маил адреса испраќал скенирани лични документи-лична карта, трансакциона сметка, лекарски прегледи и друга документација која наводно била потребна.
Во декември минатата година, пријавениот ги искористил личните податоци од И.М. и во негово име подигнал кредит од фирмата „ФД М Кеш Македонија“ ДООЕЛ-Скопје. Доведувајќи го во заблуда, пријавениот Н.М. на својот пријател му кажал дека по грешка на неговата трансакциона сметка се префрлени 7000, 00 денари и го навел, парите да ги извади и да му ги даде. На 26-ти јануари оваа година, оштетениот И.М. од фирмата добил телефонско известување дека има паричен долг за кредитот што претходно му бил исплатен.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град