Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј, Охрид

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид поднесе Министерството за култура. Оваа пријава е поради непостапување по судска одлука за отстранување на потпорни ѕидови до Музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“, во спор со соседите, при што бил оштетен буџетот на Установата со околу 120.000 евра.

 |  Николоска Биљана  | 

Поради голема финансиска штета на буџетот на Р.Македонија, Министерството за култура поднесе кривична пријава против поранешната директорка на Завод и музеј Охрид. Министерот за култура Роберт Алаѓозоски кој денес беше во посета на охридските институции за култура, открива дека од остварените разговори со раководителите, најгорливо прашање било блокираната сметка на Завод и музеј Охрид, настанато поради непостапување по судски спор во случајот за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс Куќата на Робевци меѓу установата и еден од соседите.

Станува збор за еден обемен предмет, судска постапка која се водела пред Основниот суд Охрид уште во 2008 година во време кога директорка била Тања Паскали Бунташеска. Постапката завршила со правосилна пресуда за вознемирување на правото на сопственост на тужителот од страна на тужениот во декември 2009 година. Со пресудата Завод и музеј Охрид бил задолжен да остстрани делови од градби ѕидови од парцелата на тужителот“

Непостапувајќи по судската пресуда од страна на одговорното лице од Завод и Музеј Охрид, како последица се насобрале судски пенали во износ од 2.322.000 денари, за 700 денови доцнење со извршување на пресудата, пренесува Алаѓозоски.

„За жал овде не се запрело. Неизвршувањето и понатаму продолжило и тоа траело уште неколку години. Сето тоа се криело и од Министерството и од сегашната В. Д. директорка при примопредавање на должноста кое што се случи на 24 јули оваа година. Тужителите на 24 октомври годинава на ист начин преку извршител по истата пресуда од 2009 година за дневни пенали повторно ја блокираа сметката на Завод и Музеј Охрид“

Обврската за рушење на спорните ѕидови по судската пресуда била конечно исполнета од новото раководство на 5 ти декември годинава, за неколку часови и за трошоци од само 30.000 денари, вели Алаѓозоски. Тој откри дека до овој момент штетата која била предизвикана од неодговорното однесување, односно неизвршување на службената должност на поранешната директорка изнесувала вкупно 7.500.000 денари или околу 120 000 евра. Од тие причини, за овој случај, Завод и Музеј Охрид поднесло соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за негово натамошно постапување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top