Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект во Струга, подружница на правно лице од Елбасан Република Албанија како и против 40- годишниот управител во правното лице.

Пријавените, во текот на овој месец на нива приватна сопственост во Ново Село општина Дебарца, извршиле нелегална експлоатација на минерални суровини.
– Иако немале концесија односно дозвола за експлоатација на минерални суровини издадена од Министерството за економија при Владата на Република Македонија, тие ископале околу 2000 м3 минерални суровини и оствариле противправна имотна корист од 600.000,оо денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По добиено овластување од јавен Обвинител, СВР Охрид на 12-ти овој месец изврши контрола и увид кај местото „Лазиште“ при што затекнати се работници кои со работна машина-ровокопач вршат ископување на чакал и песок што според Законот преставуваат минерална суровина. Притоа изготвена е фотодокументација и обезбедени се примероци од минералната суровина за вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Дополнително, на 17-ти август, овластени инспектори од Државниот инспекторат за техничка инспекција на Република Македонија, извршиле инспекциски надзор. Тие констатирале дека на локалитетот „Лазиште“ кај Ново Село од страна на фирмата, извршен е нелегален ископ на минерални суровини за што изготвиле соодветен записник.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град