Тренд во медицинска пракса во светот и кај нас моментално претставува зачувувањето на матични клетки на новороденчето.
Зачувување на матични клетки од папочна врвца, е нова и актуелна тема во областа на медицината.
Во моментов тие се сметаат како највредни за да бидат зачувани за понатамошна употреба, поради тоа што со нивна понатамошна примена можат да се лекуваат над 70 заболувања, не само кај новореденчето туку и во неговото семејство. Денес со земањето на овие матични клетки и нивно нивно евентуално користење подоцна во случај на болест, пронајдено е најдоброто решение, со најефективни резултати. „Доколку се одлучите за ваквата постапка, повеќе информации можете да добиете во Би-мек, претставник на најголемата банка за матични клетки за Европа“, вели Др. Марија Ѓеракароска.
Нивната адреса е: crio-save@bimek.com.mk и www.bimek.com.mk – телефон за контакт: 02 3 296 900
Постои една единствена шанса да се зачуваат матичните клетки од детето, а тоа е веднаш по самото раѓање. Процедурата на земање матични клетки од папочната врвца, е процедура сосема безопасна и за мајката и за детето.
„Денес се полесно се справуваме со тешките заболувања кои во минатото завршуваа летално. Но благодарение на напредокот на методот на зачувување на матични клетки, ние чекориме кон светот“, вели Др. Геракароска. Заболувања кои успешно се надминуваат се : кардиоваскуларни болести, дијабетес, малигни тумори, мускулни оштетувања, церебрални инфаркти и сл.
Она што во иднина се планира во рамки на новитети во реботењето на оваа клиника се индикации кои влегуваат во рамки на регенеративната медицина. Тоа се идеи за создавање на ткива и органи, кои би ги замениле постоечките, односно оштетените или изумрени клетки во организмот. „Останува да им се отстапи време на научниците да ги развиваат ваквите експертизи и понатаму“, вели Др. Ѓеракароска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град