Криминал од омраза -тема на дводневниот семинар на МВР и OSCE

Справување со криминалот од омраза е темата на дводневниот семинар што за полициските службеници  при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, од денес се одржува во хотелот Силекс во Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
ohrid
охрид

полицаецСправување со криминалот од омраза е темата на дводневниот семинар што за полициските службеници  при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, од денес се одржува во хотелот Силекс во Охрид.

Дваесеттината учесници на семинарот ќе ги разгледаат различните аспекти на криминалните дела извршени од омраза, идентификување на криминалот од омраза со акцент на одредбите за примената на домашните закони и законска легислатива по оваа проблематика. Учесниците на семинарот ќе се запознаат со меѓународните и регионални стандарди поврзани со крими-  налот од омраза и ќе ги детектираат индикаторите за пристрасност во извршувањето на ова казнено дело.

Посебни работни теми на семинарот се поврзани со социјалната психологија на криминалот од омраза по што ќе се реализираат низа работни вежби и тренинг обуки за разбирање на сторителите на криминалот од омраза, за предрасудите и нетолеранцијата и отворање на работни случаи на извршување на криминалот од омраза.

Семинарот за справување со омраза е во организација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top