Организираниот криминал-закана за земјите од ЈЕИ

Само со борба против организираниот криминал Република Македонија може да биде еден од регионалните фактори на безбедност.

 |  Јаковлева Лионела  | 
konferencija
конференција

МВР ефикасно се справува со организираниот криминал преку имплементација на концептот за координираност на сите институционални облици со надлежност во оваа сфера, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР на Република Македонија, Митко Чавков на отварањето на Меѓународната конференција посветена на „Превенција и сузбивање на транснационалниот организиран криминал во Југоисточна Европа“. Тој додаде дека и Владата на Република Македонија активно работи на оваа проблематика па со таа цел се стреми кон воспоставување на Национална криминалистичко разузнавачка база на податоци како и на формирање на национален центар за координација на активностите во борбата против организираниот криминал.

Со овој проект се предвидува формирање на организациски облик во кој заеднички ќе работат претставници од Царинската управа, Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, како и од Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот, рече Чавковмитко чавков

Со вложување во современи технички средства и вложување во регионалната соработка ќе се намали организираниот криминал кој претставува заедничка закана и опасност за сите земји од ЈИЕ, подвлече Чавков.

Според Андреј Рупник, директор на Програма за гранична безбедност при ДЦАФ, оваа средба во Охрид е добра можност првпат на иста маса да седнат луѓето од академската сфера во регионот кои го проучуваат феноменот на организираниот криминал, а истовремено проблематиката да се продискутира со оние кои секојдневно работат на сузбивање на криминалните активности.

Не можете да се справите со криминалот, дали бил домашен или интернационален без добра мрежа на полициска соработка. Токму за тоа е и оваа дводневна конференција, за тоа како да ја подобриме нашата мрежа на полициска соработка за да обезбедиме восоко ниво на безбедност на нашите граѓани, појасни Рупник.

Тој забележа дека кај некои од државите постојат мошне добри врски меѓу научната област и практичната работа во борбата против криминалот, додека кај некои тоа се уште е во зародиш.

Инаку, на дводневната конференција учествуваат полициски експерти и научни работници од областа на безбедноста од речиси сите земји на ЈИЕ. Организатори се македонското Министерство за внатрешни работи и Центарот за безбедност, развој и владеење на правото (ДЦАФ), односно Програмата за гранична безбедност при оваа меѓународна организација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top