• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Креативните средношколци од „Јахја Кемал“ низ песна и костими ги презентираа светските култури

Креативните средношколци од „Јахја Кемал“ низ песна и костими ги презентираа светските култури

Публиката воодушевена, имаше можност да слушне за некои одамна изгубени народи, за некое друго, минато време, па дури и да поднаучи по нешто.

 |  Мишел Наумоски  | 
world culture show
светско шоу на културите

Светот е огромно место чија што земја ја газат илјадници различни народи, различни култури. Велат дека богатство е да се знае што е можно повеќе, а тоа на најдобар начин го покажаа и докажаа креативните средношколци од приватното средно училиште, колеџот „Јахја Кемал“ од Струга.

romska kulturaПреку нивното World Culture Show 2014, на публиката во Центарот за култура „Григор Прличев“ преку игра, песна и фантастични костими презентираа неколку народи, неколку различни култури, дел од кој веројатно се малку познати. Сергеј Миладинов е дел од групата ученици кои го претставуваа периодот на ренесансата.

„Јас ја претставувам ренесансата и овие девојки позади мене се дел од таа група. Се подготвувавме околу еден месец за оваа манифестација и материјалите, поголемиот дел се рачно изработени, некои се најдени како целосни фустани, како што гледате.“-вели средношколецот Сергеј Миладинов.

Богатството од костими кои продефилираа во Центарот за култура биле изработени пред се од учениците, но под менторството на професорката Фросина Постоловска, за која тие рекоа дека е главната алка во целиот настан.

kostimi Jahja Kemal„Самиот настан за прв пат се организираше минатата година и беше како идеја инспирирана од предметите филозофија и социологија, да се претстават културите, социјализациите на луѓето во светот, минатата година дури и јас бев учесник, сега имам друга задача. Учениците работеа интензивно на самиов настан, изминативе месец дена, можам да кажам и месец и пол, бидејќи станува збор за претставување на голем број фактографски, географски податоци за истите култури.“-рече средношколецот од ПСУ „Јахја Кемал“, Никола Таштаноски.

На бината продефилираа претставници од ромската, турската култура, племето Догон од Мали, Лоба луѓето од Тибет, амишите, џаинистите, претставници од периодот на ренесансата…сето тоа зачинето со богати податоци и интересни приказни за секојдневниот живот на овие култури.

За големото финале пак, средношколците ја презентираа културата која им е најдобро позната…нивното училишно секојдневние. Инаку World Culture Show, како настан се организира по втор пат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top