Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“ во Пештани.
Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера околу 09 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса.
Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал.
На местото на настанот, извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град