Обид за кражба на делови од макета на оклопно возило на Мауцкер

Крадци се обиделе да украдат делови од тенк на Мауцкер.

 |  Маленкова Татјана  | 
tekn maucker
тенк мауцкер

Две лица се обиделе да украдат делови од макета на околопно возило тенк од Мауцкер. Неофицијално прво со оксиген ја исекле макетата од оклопното возило на делови, за потоа да се обидат ги украдат истите. Обидот за кражба во СВР го пријавил чуварот на депонијата на  Мауцкер со која стопанисува ЈП Охридски Комуналец.

„Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови при доаѓањето на нашите претпоставени на работа забележани се делови од исечени тенкови и бидејќи тоа не е понатака во наша надлежност известен е секторот за внатрешни работи за понатамошна постапка“, вели Елена Скрческа директор на ЈП Охридкси Комуналец.

Од СВР Охрид го потврдуваат настанот. Портпаролот Стефан Димовски вели дека во изминативе две месеци во СВР Охрид во два наврати било пријавено оштетување на делови на околопно возило  – тенк кое еtenk  maucker сместено во локалитетот во близина на стрелиштето Мауцкер. Во првиот случај СВР Охрид при самото излегување на лице место забележа две лица кои веднаш избегале од местото штом ги забележале полициските службеници и полициското возило.  Во вториот случај пак чуварот на Мауцкер пријавил во СВР Охрид обид за кражба. Димоски вели дека по пријавата веднаш било излезено на лице место при што биле пронајдени две лица кои веќе извршиле оштетување на оклопното возило, со апаратура која исто така била затекната на лице место.  До самата макета според Димовски биле пронајдени и деловите од оштетената макета од оклопното возило кои СВР ги одзела.

„Со овие лица СВР Охрид обави разговор, ги знаеме и предметите им се одземени, заедно со предметите од првиот случај тие се наоѓаат во кругот на локалитетот кај стрелиштето кој што има чуварска служба.  Она што посебно е важно е да го напоменам во овој момент е дека не станува збор за кривично дело кражба, туку за пријавено дело оштетување“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Димовски вели дека СВР Охрид независно што до овој момент нема информација кој е сопственик на макетата на оклопното возило, службите се обиделе да стапат во контакт со АРМ, но по обавени разговори, им било кажано дека макетата на околопното возило не е нивна.
„Во овој момент макетата нема сопственик и СВР Охрид од формално правен аспект токму поради тоа нема пријава од оштетената страна за кривичното дело“, вели портпаролот Димовски.  

Тој додава дека со цел да се елиминираат  сите натамошни обиди за оштетување и кражба од деловите на макетата на околопното возило, СВР ќе има засилен мониторинг на овој објект.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top