Тешка кражба во црква во охридско

Црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани  мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr-ohrid
свр-охрид

krstЦрквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани  мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари.

Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми  февруари до втори март оваа година. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани влезено е откако претходно насилно и со подесен алат скршени се двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија.

Сторителот, потоа се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории. Седумте икони и сребрениот крст ги одзел од главната црковна одаја а парите од просторијата за продажба на свеќи по што избегал.

За извршената тешка кражба, СВР Охрид изврши увид на местото на настанот и достави информација до Заводот и музеј на град Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top