370 матуранти 2008/2009 од општинското средно училиште Св. Климент Охридски го прославија збогувањето со средното образование.
370 матуранти 2008/2009 од општинското средно училиште Св. Климент Охридски го прославија збогувањето со средното образование.
Од името на генерацијата 2008 /2009 до присутните се обрати ученичката Емилија Велеска.
„Ние Климентовите матуранти од генерацијата 2008 /2009 сме по многу нешта посебни, спротивни, но и исти. Ние сме симфонија, одзвук светлозрачен , мост од исконата до иднината, ние сме буч кој надоаѓа преполн со сила и знаење, моќ и љубов“ рече во своето обраќање Велеска.
До завршените средношколци честитки упатија градоначалникот Петрески и директорот на училиштето Љубиша Машановиќ.
Обајцата порачаа дека оваа генерација е нашата иднина и од нив очекуваат понатамошен успех во процесот на образованието.
Матурантите на свеченоста изведоа пригодна музичка програма, а беше прикажан и краток филм за успесите и посебностите на генерацијата матуранти 2008/2009.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град