Завршува меѓународниот семинар за македонски јазик

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура завршува утре. Најголемата придобивка од истиот е тоа што сите странски учесници од овде ќе заминат со значително повисоко познавање на македонскиот јазик.

Се ближи крајот на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Остануваат уште лекторските вежби, кои ќе се одржат утре, вели проф. Емилија Црвенковска. Годинава, на семинарот присуствуваа 85 учесници од 22 земји од светот. Интензивно работевме секојдневно по 7-8 часа, лекторски вежби, изборни курсеви, предавања, вели Црвенковска. Во рамки на семинарот се одржа дводневна научна конференција, во две секции, литературна и лингвистичка, чии трудови ќе бидат објавени во одделен зборник. 

Постои голем интерес кај странците за состојбата во современата мекедонска литература. Тоа го воочивме на предавањата, вели проф. Лидија Капушевска. Многумина од присутните на семинарот работат магистерски и докторски трудови, поврзани со македонската литература. Одлично го познаваат македонскиот јазик и она што е ново во литературните текови, што беше и тема на моето денешно предавање, вели таа. Учесниците на семинарот освен за јазикот, дебатираа и учеа за нашата култура и историја, велат организаторите. Во текот на утрешниот ден, на сите учесници ќе им бидат доделени дипломи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top