Kрај за долгите судски постапки?

За поголема ефикасност, македонското судство ќе воведе електронска достава на поканата и тонско снимање на рочиштата.

 |  наумоски Мишел  | 

Правниците од земјава тргнаа во мисија за скратување на судските постапки. На нивната 64та средба беа организирани работилници, предавања и дискусии. Оваа средба беше фокусирана на скратување на роковите за постапување по одреден предмет и забрзување на судските постапки. Општо познато е дека ова е еден од најгорливите проблеми со кои се соочува македонскиот правосуден систем. На оваа средба беа поставени клучни закони како што се процесните закони вклучително законот за кривична постапка, парнична, управна постапка, за извршувањето и за стечајната постапка.

„Значи ние долго време работиме на донесувањето на процесните закони и во текот на 2010 година се донесени најреформските темелни процесни закони како што е законот за кривична постапка, законот за парнична постапка, законот за извршувањето и законот за управните спорови. Тргнавме од констатираните состојби дека постапките имаат практично најголем удел во одолговлекувањето на судските постапки во целина земено. И тоа беше една неодржлива состојба со оглед на тоа дека некои судски постапки траеја по три, пет, десет години, а некои за жал и повеќе од сето тоа. “-изјави министерот за правда, Маневски

Со новите постапки, закони и законски решенија, Маневски вели дека комплетно се редефинира положбата на странките во постапката и се предвидуваат процесни рокови, во кои мора да бидат преземени определени процесни дејствија.

„Значи сега мора да се постапки во рок од 8 дена, мора да се закаже подготвително рочиште, одложувањето не може да биде повеќе од 8 дена, за исклучителни случаеви, потешки може да биде и до 30 дена. Пресудата мора да се напише во рок од 15 дена, апелациониот суд мора да одлучи по жалбата во рок од 3 месеци, и само во исклучителни случаи во рок од 6 месеци врховниот суд да одлучи по ревизијата во рок од 8 месеци. Тоа се рокови што ги пропишува законот за парничната постапка кои што се во функција на забрзувањето на постапката, кои што се во функција на обезбедување на објективност“-рече Маневски

Маневски вели дека овие измени во процесните закони ќе ги третираат и новите, но и старите судски постапки, кои со години се заглавени во правосудниот систем. Тој додава дека досега можеше да се одложи рочиштето за неопределено време, па да се закаже после една или после две години, пресудата да не се напише за една година и слични задоцнети реакции или непостапувања, со што се влијаеше исклучително негативно на должината на парничната постапка.

За зголемување на ефикасноста, во македонското судство ќе има електронска достава на поканата и тонско снимање на рочиштата.  Електронската достава ќе значи обврска на сите правни лица и на сите државни органи, адвокати, нотари, медијатори, извршители, да достават електронска адреса во централниот регистар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top