• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Котларата во училиштето Браќа Миладиновци во Стругa претставува потенцијална опасност

Котларата во училиштето Браќа Миладиновци во Стругa претставува потенцијална опасност

Котларата која се наоѓа во училиштето Браќа Миладиновци во Струга е дотраена и претставува потенцијална опасност. Директорот стравува дека може да дојде до дефект кој би предизвикал пожар. Со тоа е загрозено и училиштето и учениците. Бараат Министерството за образование да им набави нова котлара бидејќи тие сами не можат бидејќи нивната жиро сметка години наназад е блокирана.

 |  Јаковлева Лионела  | 

На училиштето  „Браќа Миладиновци“ од Струга му се заканува опасност. Котларата која се наоѓа во оваа образовна институција е стара повеќе од четириесет години, па речиси и да не функционира. Таа е дотраена, руинирана и небезбедна, раскажува директорот на ова училиште, Шкелким Алиу.

Состојбата во котларата внатре е многу страшна и може од една искра да дојде до голем пожар и да дојде до голема катастрофа. Во моментов имаме три тони нафта во резервоарите и страшно е ако избувни пожар може  да настрада и училиштето и децата, вели  Алиу.

Училиштето бара и очекува помош од Министерството за образование. Тие сами не се во можност да набават нова котлара бидејќи веќе години наназад нивната сметка е блокирана.

Со ургентно писмо се обративме до Министерството за образование за да ни помогнат да ја санираме котларата и истовремено да се интервенира за доброто на 1200 ученици во Струга, вели директорот.

Според видувањата на сручњаците кои биле на лице место, котларата не може да се поправа туку мора да се набави нова. Само на тој начин ќе се избегне опасноста од нејзино експлодирање, а училиштето ќе ја добие потребната енергија за затоплување. Единствена надеж за училиштето е Министерството за образование и неговата помош.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top