Костоски : Наш приоритет е затворање на депонијата Буково

Забрзување на постапката за отворање на регионална депонија за отпадот и затворање на депонијата Буково се приоритет на кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник од редовите на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ. Ова денеска го потенцира кандидатот за советник Ванчо Костоски. На прес конференцијата тој говореше за мерките и проектите за управувањето со отпадот во Општина Охрид и заштита на животната средина.

 |   | 

Заштита на животната средина и грижа за природните богатства тема на денешната прес конференција на Ванчо Костоски, кандидат за советник СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Костоски потенцира дека приоритет на кандидатите за советници и на Константин Георгиески  е забрзување на постапката за отворање на регионална депонија за третирање на отпадот од Југозападниот регион и затворање на депонијата Буково. Тој изнесе и низа мерки во поглед на управувањето со отпадот во Општина Охрид.

Во претстојниот мандат, ќе го ревидираме начинот на подигање на отпад од домаќинствата и ќе креираме нов план и програма за подигање на отпадот, особено во туристичката сезона, со цел да нема полни контејнери и несоодветно депониран отпад. Воведуваме отворена линија за пријавување неправилности и пропусти во одржувањето на јавната чистота и работењето на комуналните служби. Ќе вршиме осовременување на примарното одлагање на отпадот во домаќинствата со примарна селекција и проекти за селекција на отпад во јавните установи, училиштата и фирмите – истакна Костоски.

Костоски најави поставување нови подземни, прес-контејнери и нови садови за депонирање на отпад, како и формирање на Еко острови за одлагање на кабаст отпад и решавање на проблемот со дивите депонии на градежен шут. За почиста животна средина, обезбедуваме енергетска ефикасност на сите објекти во сопственост на Општината особено на училиштата и градинките, посочи Костоски.  

Поставуваме енергетски ефикасни прозорци, фасади и фотоволтаични системи. Воведуваме стручна помош и консултации за граѓаните на тема енергетска ефикасност, проектна поддршка за реконструкција на енергетски фасади и замена на прозорците во станбените комплекси. Развиваме специјална програма за зголемување на енергетската ефикасност на домовите на најзагрозените, приматели на финансиска помош – додаде Костоски.

Костоски најави зголемување на бројот на мерни станици за контрола на квалитетот на воздухот како и продолжување со субвенециите за набавка на велосипеди и субвенции за поставување за набавка на клима уреди.

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top