Корумпираноста на институциите, екстремно висока.
Ова е ставот на граѓаните. Според нив, најкорумпирани се судството и полицијата. Од Министерството за внатрешни работи, го потврдуваат ова и дополнуваат дека сепак полицијата е на врвот на скалилото за несовесно работење.
Нивото на корумпираност на институциите на системот, екстремно високо, е ставот на граѓаните. На врвот според нивните критериуми најпрвин е судството, потоа полицијата, здравството итн. Според најновите испитувања спроведени од „Транспарентност Македонија“, дури 45% од испитаниците во РМ изјавиле дека се нашле во состојба во која биле принудени да платат поткуп, за да остварат одредено право. Со оваа статистика потполно се согласуваат и граѓаните на Охрид, кои својот револт кон оваа појава го насочуваат кон одредени сегменти во системите на државата.
Нулта толеранција во борбата против организираниот криминал и корупцијата е ставот на “Министерството за внатрешни работи“. На врвот на своите приоритети, тие ја ставаат борбата за сузбивање на оваа појава. Под ова мото, Македонија успеа значително да се искачи на ранг листите на „Тransparensi internacional“, кои ги диктираат мерилата на тоа како една земја треба да се справува со овој вид на криминал. Во 2006 та Македонија беше рангирана на 104то место на нивната листа, а три год. подоцна е на 71 то, што јасно кажува за големиот напредок во оваа област.
„Во овој период, особен прогрес е направен во однос на потешките видови на коруптивна злоупотреба на службената положба“, вели Иво Котевски, портпарол во МВР.
Станува збор за штета која е утврдена само во изминативе три год. Паралелно со ова, МВР превзема мерки за сузбивање во делот на т.н. ситна корупција, каде се санкционирани голем број државни службеници, полициски службеници, во однос на сторено кривично дело примање и давање поткуп, односно противзаконско посредување.
Во изминатите три месеци бројката на пријавени случаи на неправилности во работата на одредени институции, на бројот 198 во УЈП се движи околу 1228 пријави. Најголем број од нив се однесуваат на неиздадени фискални сметки и пријава на затајување на данок на даночен обрзник. Она што е карактеристично кај повиците, на бројот 198 се зголемува бројката кога УЈП прави контрола во работата на субјектите, вели Весна Новаковиќ, портпарол на УЈП.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град