Обнова на право на социјална помош со минимална документација

Од Центарот за социјални работи велат дека од годинава процедурата е многу олеснета и дека примателите на социјална парична помош обновата на документацијата можат да ја направат само со лична карта.

 |  Мишел Наумоски  | 
socijalno
социјално

Повеќе од триста и седумдесет барања за продолжување на правото на социјална парична помош пристигнати во Центарот за социјални работи во Охрид. На крајот од месецов истекува законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош. Од центарот за социјални работи велат дека со цел да им се излезе во пресрет на корисниците на социјална помош, оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, пред се во обемот на документација која корисниците треба да ја носат со себе.

centar socijalni raboti„По новиов систем тие се должни само со лични карти да дојдат за сите возрасни луѓе во семејството, а ако се малолетни, тогаш истите ни носат само потврди дека се студенти или ученици, а за лицата кои што се разведени, треба да донесат пресуда за развод на брак и пресуда за определена законска издршка.“-рече дипломираниот социјален работник при Центарот за социјални работи, Радмила Кевереска.

Останатиот дел од документацијата, Кевереска вели дека се обезбедува со меѓуинституционална соработка.

„Центарот за социјални работи откако ќе го направи барањето потоа по службена должност ги вади сите документи што се задолжени лицата да ги носат, но службено, ние по мејл ги добиваме тие документи. Соработуваме со Агенцијата за вработување , Катастар, со даночно, со МВР за потврди за моторни возила.“-вели Кевереска.

Од Центарот апелираат до корисниците на социјална парична помош што поскоро да ја направат годишната обнова на документацијата со оглед на тоа дека рокот за поднесување на документите истекува на 30 Ноември. Доколку не го испочитуваат овој рок, корисниците на социјална помош ќе го изгубат правото на парична помош и не ќе можат повторно да поднесат барање во рок од шест месеци.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top