Со мозаиците во земјите од Југоисточна Европа различно се постапува. Се зависи од тоа колку пари се одвојуваат за нивна рестарвација и конзервација се согласија учесниците – конзерватори на меѓународната стручна средба што се одржува во Охрид.
На некои архолошки локалитети мозаиците се достапни и во добра зачувана состојба, но некаде се запоставени и покриени со песок и далеку од очите на јавноста. Се зависи од тоа колку пари државите имаат за да ги зачуваат од забот на времето и да ги приближат до посетителите. „Македонија е една од поретките земји која полага внимание за што подобра заштита на мозаиците на бројните археолошки локалитети и нивна достапност пред јавноста“, вели вели Никола Упевче, конзерватор и координатор на оваа средба.
Младите конзерватори на мозаици од осум земји од Југоисточна Европа ќе разменат искуства за рестарвација и конзервација на мозаиците. Собираат податоци за мозаиците во реонот, за нивната состојба, колку конзерватори има и со каква стручна подготовка. Маја Франковиќ од Центарлниот Институт за конзервација од Белград, вели дека оваа средба ќе им помогне со заеднички сили, знаење и организираност да постигнат што поголем успех во заштитата на мозаиците, но и поголема нивна достапност пред јавноста. Многу е важно нашето поврзување и вмрежување за во идните соработки да успееме во нашите намери, нагласува конзерваторот Франковиќ.
„ Во моментов сите ние лично зависиме од нашите Влади и сите имаме слични проблеми, пред се тоа е недостаток од пари. Сега имаме можност преку заеднички проекти да добиеме средства од надвор и да успееме во нашите проекти, поддршка веќе имаме од Канацалирајата на Унеско во Венеција, Но, иако нема доволно пари сепак кога се сака се може, а за тоа доказ се мозаиците на археолошкиот локалитет Плаошник,“ нагласува Франковиќ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град