Конститутивна седница на новиот состав на Советот

Избраните охриѓани и официјално седнаа во советничките клупи.

 

 |  Татјана Маленкова  | 
opstina
општина

Денеска им беа верифицирани мандатите на 23-та советници, кои се заколнаа дека во следниве четири години ќе се борат за интересите на граѓаните на Охрид.

„Убеден сум дека овој состав на Советот ќе работи поуспешно од претходниот, од причина што имаме две групации. Затоа мислам дека при донесување на одлуки ќе има добра позиција и добра опзиција“, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Борче Стефаноски.

Советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски, покрај тоа што на советниците им посака успешна работа, даде и свој коментар за шпекулациите дека на членови од оваа партија и се ветени директорски места.

„Наша цел како советници од НСДП е да носиме квалитетни одлуки, од кои добробит ќе имаат сите граѓани“ рече советникот од НСДП Верица Хајба.

„Се надевем дека сегашниот состав на Советот ќе ги тргне партиските бои и дека ќе работи во интерес на охриѓани“, рече Бранислав Трпчевски, советник од СДСМ.

sovetТрпчевски нити ја потврди, нити негираше шпекулацијата дека ќе се повлече од функцијата советник. Тој рече дека се зависи од внатрепартиските прераспределби и дека се што е во функција на СДСМ ќе биде во игра. Трпчевски даде коментар и за партиските коалиции, кои сеуште не се обелоденети.

На првата седница на новиот состав на Советот, пред советниците се обрати и градоначалникот Александар Петрески.  „Ве повикувам да работиме и да ги исполнуваме барањата на граѓаните, да ги оставиме теснопартиските и лични интереси и да работиме заедно во интерес на сите“ рече Петрески.

 

Денешната седница беше свикана од екс-претседавачот Владо Чингоски, а како што е регулирано со законот истат ја водеше најстариот советник од новиот состав, Драган Пандески. На 23-цата советници уверенијата за функцијата советник им ги врачи претседателката на ОИК Марика Ангелеска.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top