Денеска беше конституиран новиот состав на Советот на Општина Охрид. Новите градски избраници ги добија уверенијата за мандатите и дадоа свечена изјава. Градоначалникот Јован Стојаноски им посака успешна работа и ги потсети дека се избрани и од народот и секогаш да ги застапуваат интересите на граѓаните, а не своите и интересите на локалната самоурава и на градоначалникот.
Конституиран е новиот совет на општина Охрид. Новите 23 советници денес на церемонијалната седница дадоа свечена изјава во која јасно ја изразија својата волја дека ќе ги штитат интересите на граѓаните кои ги избрале да раководат со општина Охрид наредните 4 години. Градоначалникот проф. Јован Стојаноски на советниците им порача да бидат сложни и да имаат разбирање за барањата на граѓаните, за кои имаат обврска да ги исполнат.
„Чест е, а воедно и голема обврска претставува за секој советник да биде избран од народот да ги претставува ставовите барањата на граѓаните и секогаш ги повикувам советниците да делуваат во тој правец наредните 4 години“.
Координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Кирил Пецаков истакна дека во новиот совет ќе делуваат во зависност од точките на дневен ред и на два принципи.
„Прво конструктивно, секаде онаму каде што се работи за доброто на Охрид, но и за национален интерес. ние како советничка група сме тука да ја подржиме таа точка, а онаму каде што е потребно да се критикува или да се корегира нешто ние исто така ќе делуваме на тој начин“
Д-р Константин Георгиевски пак координаторот на советничката група на СДСМ на сите советници во новиот Совет им го честитеше мандатот а на граѓаните им изрази благодарност за довербата.л
„Добија совет кој што секогаш ќе носи одлуки во нивна полза и за доброто на Охрид и охриѓани“.
Во наредните четири години интересите на граѓаните на Охрид ќе ги застапуваат, Константин Георгиески, Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгиз Реџеп, Марија Попоска, Филип Јованоски, Рената Арнаудова, Ристо Булоски, Кирил Пецаков, Гордана Коњаноска, Снежана Стефаноска, Илија Арнаудоски, Гоце Георгиески, Лидија Петкоска, Александар Попоски, Славица Петровска, Џанер Исмаил, Деан Шикоски, Нефи Усеини и Џемал Мена. Инаку на денешната конститутивна седница Советот не избра претседател бидејќи, како што информираа координаторите на советничките групи, преговорите околу ова прашање се уште течат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град