Тој додаде дека сите награди кои ги има во своите витрини му се доделени на музички и театарски фестивали, меѓутоа да добие награда за животно дело, досега немал прилика. Константинов истакна дека со забавната музика сериозно почнал да се занимава кон крајот на 60-те и почетокот на 70-те, на сцената на Скопскиот фестивал, на која како што вели, сите ние се афирмиравме.
„И јас понекогаш се чудам дека толку многу проекти сум успеал да ги реализирам како соработник пред се, бидејќи јас пишувам применета музика, музика за театар, филм и телевизија“, потенцира Константинов.
Охриѓанецот Константиновски е роден 1946 година, а во 1972 година дипломирал на Музичката академија во Белград. Работи како автор на музика на голем број играни, документарни и анимирани филмови исто така голем број телевизиски филмови, серии и драми како и во над 90-тина театарски претстави. Се јавува и како музички продуцент и директор на Првиот национален избор за песна на Евровизија. Признанието „Горна Порта“ на Константинов, му беше врачено синоќа на предновогодишниот хуманитарен концерт. Средствата собрани од концертот се наменети за хуманитарни цели, за Охридскиот хор и Здружението на лица со оштетен вид од Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град