Во селото Велгошти по традиција на најголемиот христијански празник – Велигден се одржуваат две спортски игри: натпреварот во коњички трки и влечењето со јаже меѓу мештаните од горното и долното селски мало.
Во селото Велгошти по традиција на најголемиот христијански празник – Велигден се одржуваат две спортски игри: натпреварот во коњички трки и влечењето со јаже меѓу мештаните од горното и долното селски мало.
Илија Крлески беше победникот во коњичките трки, при што на тројцата најдобро пласирани натпреварувачи градоначалникот Бакрачески им ги врачи пехарите и симболичните парични награди.
Во влечењето со јаже поголема среќа имаа натпреварувачите од горното мало кои како победници на трката беа наградени со живо јагне и буренце со вино.
Со намера овие две традиционални спортски игри во Велгошти да добијат поголема масовност и за нив да осознаат не само мештаните туку и пошироката охридска и македонска јавност, градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека локалната самоуправа и лично тој, максимално ќе се вложат во поголема афирмација на двете спортски случувања .
Градоначалникот вети дека Општината ќе создаде услови и секое ново наредно издание ќе го збогатува со нови автентични содржини кои му прилегаат на селото Велгошти а како такви ќе бидат интересни и привлечни не само за охриѓани туку и за гостите и туристите од земјава и странство.
Во рамки на Велигденските празнувања градоначалникот Никола Бакрачески го посети и манастирскиот комплекс “Св. Петка“ , каде преку традиционалните верски обичаи за сите верници посака здравје , љубов и благосостојба како основа на добриот заеднички соживот и напредок.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град