Охрид на почетокот на јуни ќе биде домаќин на еден од најголемите настани од сферата на Лајонизмот досега во Македонија.
Наскоро во Охрид, Деветтиот конгрес на Лајонс клубови од градовите под тврдини .Lion Сашо Василевски – Гувернер на Дистрикт 132 Македонија, вели дека на конгресот ќе учествуваат исклучително моќни и влијателни личности во своите средини, луѓе кои работат за доброто на својата држава. Гувернерот Василески додава дека ова ќе биде исклучителна можност да се влезе во големи проекти, во кои би се вложиле огромни средства но, колку локалната и македонската политичка и бизнис елита ќе го искористи ова, останува да видиме.
„Промоцијата е од огромно значење на Охрид како туристичка дестинација, сега државата и локалните фактори треба овој ивент да го искористат како би привлекле што повеќе туристи и инвеститори, зошто тие луѓе не се пензионери, тие луѓе се многу активни во својот бизнис и политички живот“, вели Василески.
Гувернерот Василески вели дека јавноста пополека се запознава со сериозноста и тежината на оваа организација. Кога го формиравме пред неколку години првиот клуб, бевме нарекувани и секта. Но времето и проектите кои успешно ги спроведовме, се со една цел, да служиме на оние на кои помошта им е најпотребна го сторија своето. Но, проектите за помош на најранливите категории не запираат тука, вели Lion Василески.
„ Голем следен проект кој го започнуваме со „Нокиа“, да веќе го исфрлиме белиот стап за секој слеп човек, едноставно со сателиско следење, имаат секој бел телефон, кој се прави како прототип и секој слеп човек во светот ќе добие таква работа“ објаснува Василески.
Носител и организатор на Конгресот кој ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Охрид е Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид. Учество ќе земат 63 клубови членки на Асоцијацијата на лајанс клубови од градови под тврдини, а пријавени се околу 100 делегации и 11 дипломатски претставништва, амбасади во РМ. Исто така на овој конгрес е најавено присуството и на најголемите државни претставници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град