Охрид, домаќин на меѓународна научна конференција. Истакнати професори по безбедност од југоисточен Балкан во организација на факултетот за безбедност од Скопје, овие два дена ќе имаат можност да претстават 85 трудови од над 100 автори од осум земји. Темата е „Безбедноста на постконфликтниот (западен) Балкан, транзицијата и предизвиците на Р. Македонија. Професор Цане Мојаноски рече дека оваа конференција е од исклучителна важност, посебно што годинава се навршуваат 10 години од конфликтот во земјава, а посебно за Охрид, каде е склучен договорот кој е основа за градење на соживот меѓу македонците и другите етнички заедници. Мојаноски додаде дека целта на конференцијата е да се направи пресек на научните и стручните достигнувања на балканот и пошироко. Според него безбедноста во земјава е стабилна.
Балканот е најважна бариера и за тероризмот и за криминалните капитали воп Европа, рече проф. Никола Калашев. Отука меѓународната конференција е мошне значајна и очекувам во иднина иницијативата на факултетот за безбедност од Скопје да се рашири и во останатите земји на Балканот, додаде тој.
Политичката корупција е најопасна за државата, истакна Небојша Теофиловиќ, од интернационалниот универзитет во Нови Пазар. Според него за политичката корупција се одбегнува да се зборува бидејќи се работи за врска на државата со финансиските моќници, со воените бизниси, со победниците на транзицијата или воените профитери.
Да се обезбеди добар живот и благосостојба во општеството на Западен Балкан е многу важно и треба да се покријат 3 области, тренинг на полициски офицери, образование од областа на безбедноста и меѓународна соработка, рече Др. Бранко Лобникар универзитетски професот на словенскиот факултет.
На меѓународната научна конференција за безбедност не присуствуваше министерот на Македонија за безбедност, Гордана Јанкуловска, за образование Никола Тодоров како и за одбрана Зоран Коњаноски, иако беа претходно најавени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град