Кирил Трендафлиов Нанче и официјално кандидат за градоначалник на најголемата владеачка партија во Охрид ВМРО-ДПМНЕ.
Кирил Трендафлиов Нанче и официјално кандидат за градоначалник на најголемата владеачка партија во Охрид. Ова за ТВМ го потврди пратеникот Александар Николовски кој воедно е и член на извршниот одбор на партијата.
На одлука донесена на седницата на Извршниот комитет на партијата, синоќа во Скопје, и прифатена од сите најголеми партиски органи, заврши неколку месечната потрага на ВМРО-ДПНЕ за вистинскиот кандидат за градоначалник за нашиов град.
Инаку и на овие локални избори копјата ке ги вкрстат истите „играчи“ од пред четири години кои влегоа во вториот круг. Останува да видиме дали играта ќе биде исто толку агресивна колку и тогаш или како што и од двете страни ветуваат можеме да очекуваме мирни, фер, и навистина демократски избори во нашиов град.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град