Конечно градската сообраќајница „АСНОМ“ ќе добие тротоари

Од Локалната велат дека за еден месец изведувачот, овојпат Јавното претпријатие „Нискоградба“ ќе ги постави граничниците и торотоарите на една од најфрекфентните улици  во нашиов град и со тоа ќе го реши долгогодишниот проблем за пешаците и велосипедистите кои се движат по оваа улица.

 |  Голабовски Крсте  | 
asnom
асном

Делот на една од најферкфентните, а со тоа и најопасните сообраќајници во нашиот град, улицата „АСНОМ“, наскоро ќе го добие долгоочекуваниот тротоар. Локалната самоуправа е свесна за овој проблем и за фрекфентноста на оваа улица, односно за брзината на моторните возила кои се движат на неа, со што посебно се загрозени пешаците и влеосипедистите. Портпаролот на Општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека со спроведување на инфраструктурните зафати кои веќе се во тек, во голема мерка ќе се зголеми безбедноста за овие учесници во сообраќајот и ќе се реши еден долгогодишен сообраќаен проблем во градов.

asnom„Во таа смисла еве веќе неколку денови се работи на поставување на тротоар односно плочник, на страната кога се гледа во правец на булевар „Туристичка“ од десната страна, се работи за поставување на тротоар, односно се поставуваат и граничници а зафатите ги изведува ЈП „Нискоградба“, а според динамиката на изведбата истите ќе бидат изработени за еден месец, односно до средината на октомври“ вели портпаролот Џамтоски.

Во моментов работници на „Нискоградба“ работат на инфраструктурно средување на теренот, па така најпроблематичниот дел од оваа сообраќајница ќе ги добие своите тротоари, односно делот од страната на станбениот комплекс. На другата страна на улицата „АСНОМ“ пак, се изведуваат интензивни градежни зафати, односно во изградба е нов станбен комплекс, што во одредена мерка ќе го забави целосното средување на оваа улица.

asnom„Во овој момент несоодветно е да се работи на тој дел на поставување на плочникот, кога веќе и самите знаете дека се вршат градежни работи, претпоставувам дека до оној момент работие ќе стигнат до одредена фаза, сигурно ќе пристапиме кон уредување на тој простор, односно поставување торотоари на другата страна“ објаснува портпаролот на Општина Охрид.

Од Локалната велат дека за брзо време ќе бидат реконструирани сите поголеми сообраќајници предвидени за асфалтирање за  2013 година, и додаваат дека Општина Охрид со неколку проекти аплицираше до Министерството за финасии и Светската банка за средства преку поволен кредит, со кои би се реализирала зацртаната програма.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top