Владата вети дека во текот на месец февруари ќе биде изградена заобиколницата Железничка.
Владата вети дека во текот на месец февруари ќе биде изградена заобиколницата Железничка.
Во текот на месец февруари конечно ќе биде изградена заобиколницата Железничка. Ова се најави на Македонската влада која за таа намена уште на почетокот на годинава беа издвои 40 милиони денари. Реализацијата на проектот е дел од усвоената програма за 2008 на Министерството за транспорт и врски наменета за изградба, реконструкција одржување и заштита на магистрални и регионални патишта. Проектот за железничка, на кој се чека неколку години, предвидува, над 2 километри долгата улица да се изгради во модерна транзитна улица со 4 коловозни ленти, тротоари и современа патна сигнализација.
Изработувач на проектот за Железничка е локалната самоуправа. Таа уште во 2005 година започна со реализација на дел од градежните зафати врз улицата Железничка. Поради недостаток на средства, по извесно време тие беа стопирани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град