Конечно ќе се доизгради северната трансверзала

Улицата Железничка која веќе три години чека на доизградба, конечно ќе го добие својот лик. Владата реши од буџетот да издвои 5 милиони евра за таа намена. Штом завршат тендерските процедури започнуваат работите на терен.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Zeleznicka
Железничка

Улицата Железничка која веќе три години чека на доизградба, конечно ќе го добие својот лик. Владата реши од буџетот да издвои 5 милиони евра за таа намена. Штом завршат тендерските процедури започнуваат работите на терен.

Конечно ќе се доизгради северната трансверзала во Охрид или попозната како улица Железничка. Овој инфраструктурен зафат официјално влезе  во програмата на Владата за  2009 година за што од буџетот се издвоени 5 милиони евра, вели охридскиот пратеник, Александар Николовски.

На вчерашната седница Владата ја усвои Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните патишта во РМ за 2009 година, а приоритети се коридорите 8 и 10.

Mile JanakievskiПокрај Железничка годинава се планира да се направат повеќе инфраструктурни зафати во Охрид како што е ревитализацијата на пристаништата во градов и во св. Наум, изградба на марина, изградба и дозавршување на канализационата и водоводната мрежа во Лескоец, Велгошти и Пештани. Оваа година ќе започне и постапката за  изградбата на автопатот од Охрид до Гостивар. Владата планира да  реализира повеќе значајни проекти и во областа на спортот.

Владата издвои и 2 милиони евра за комплетно завршување на комплексот Плаошник каде е предвидено да се направи конгресен центар како и библиотека најголема од таков вид во државава па и пошироко. Ќе се доизградат и уште 8 наколни живеалишта во Градиште, а ќе се отвори и професионален театар во градов.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top