Децата од населбата „Гоце Делчев“ ќе добијат детско игралиште.
Децата од населбата „Гоце Делчев“ ќе добијат детско игралиште. Во низата изградени терени за игра и забава на децата, по 30 години, дојде на ред тоа да се направи и таму, најавува Градоначалникот Петрески.
Населбата „Гоце Делчев“, помеѓу граѓаните попозната какао „Бараки“, по 30 години, конечно ќе добие детско игралиште. „Неколку генерации пораснаа овде, по овие стрмни улички, каде нема ниту едно метро рамна површина и досега никој не се сети на нив“, велат граѓаните од оваа населба. „Постојано детските игри овде завршуваат со повреди, токму поради неможноста тие да се одвиваат на место соодветно за игра. Секое излегување со велосипед, за нас претставува голем ризик“, велат мештаните. „Неколку пати формиравме иницијативни одбори, поднесувавме барања до надлежните институции за изградба на некаков терен за игра на децата, меѓутоа одговор немаше од никаде“, велат тие.
„По низата детски игралишта и терени за забава кои ги направивме досега, конечно дојде ред да се обрне внимание и на дечињата од оваа населба“, вели градоначалникот Петрески. „Постојано правиме напори забавата и игрите да бидат достапни за секое дете, а во случајов на овие деца тоа им е навистина неопходно“, дополнува тој.
„Иако местоположбата и условите не ни дозволуваат изградба на засебни терени за фудбал, кошарка или пак нешто друго, ќе го искористиме најфункционално она што ни се нуди“, вели Петрески. „Ќе направиме напори на тоа место да никне повеќенаменско игралиште, со кое жителите од населбата „Гоце Делчев“ ќе бидат горди“, дополнува Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град