Конечно ќе се реши проблемот со одведување на отпадни води во Лескоец

ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на ул. „Илија Смически“ во с. Лескоец.

 |  Голабовски Крсте  | 
багер

ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на ул. „Илија Смически“ во с. Лескоец.

лескоецВо текот на изминатиот месец од страна на екипи на јавното претпријатие изведени се работи на формирање на премини преку улицата.

За таа намена изработени се 12 шахти со длабочина поголема од 2 метри како и поставени 150 метри секундарна канализациона мржа со профил од Ф 200 мм.

Со завршување на оваа фаза жителите на овој дел од с. Лескоец конечно ќе го решат проблемот со одведување на отпадните води, а со тоа се овозможува чекор напред кон зачувување на животната средина на овој земјоделски крај и се подобрува квалитетот на живеење на населението кое живее во овој дел, соопштуваато од јавното претпријатие.

Вредноста на Изведените работи изнесува 780.000 денари.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top