Kонцесионерите на плажите сакаат да земат пари, но не даваат пари за нивно одржување

Концесионерите и годинава остана незаинтересирани да склучат договори со Комуналец за подигање на сметот. И Министерството за животна средина оваа сезона не одобри пари на комуналец за чистење на плажите кои државата ги издаде под закуп.

 |  Валентина Нелоска  | 
ezero
езеро

ezeroКонцесионерите и годинава остана незаинтересирани да склучат договори со Комуналец за подигање на сметот. И Министерството за животна средина оваа сезона не одобри пари на комуналец за чистење на плажите кои државата ги издаде под закуп.

ЈП „Охридски Комуналец“ и Локалната самоуправа презедоа да ги чистат плажите кои не се под концесија за да го спасат  имиџот на чист град кој го гради јавното претпријатие, вели првиот човек на Комуналец, Сашо Алчев. Се чистеа плажите во Св Стефан, Пештани, Трпејца. Но, концесионерите, пак кои заработуваат од плажите и треба да се најзагрижени за чистота не се заинтересирани да склучат  договор со нашето претпријатие и тоа е парадоксална ситуација, вели Алчев. Појаснува дека  40 посто од закупците на плажите немаат договор за одржување на чистота на плажите иако не станува збор за скапа комунална услуга. Висината на месечната цена се движи од 1500 до 4000 денари  за подигање на смет. Концесионерит еод лежалка заработуваат 150 денари дневно ,а не скаат да платат за основна услуга без чист град и плажи нема ни туристи,  вели Алчев.

plazaСега, со продолжување на туристичката сезон и истекување на концесиите за плажите,  се заканува ситуацијата со хигиената на плажите да биде и полоша, а се заканува имиџот на чист град да се сруши истакнува Алчев.

Иако пуштивме дописи до Министерството  за животна средина за нашата програма за јавна чистота на крајбрежјето пари нема. Во континуитет се бојкотира нашата работа од Централната власт дури и за нивните обврски , истакнува првиот човек на комуналец.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ за решавање на проблемот со одржувањето на хигиена на плажите се обратиле до комуналната инспекција на локално и централно ниво. Допис испратиле и до Министерството за транспорт и врски кои ги контролираат концесионерите. Тие се надлежни доколку не се почитуваат договорите со концесионеите и да ги раскинуваат,вели Алчев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top