Најголем дел од нивните забелешки на денешната средба се однесуваа на цената по која се издаваат плажите, поплавените површини од плажите и забраната за скутери.
Локалната самоуправа денес се запознаваше со актуелните проблеми на концесионерите на охридските плажи. Локалната од една, концесионерите од друга страна заеднички разговараа со претставници од Охридската капетанија, полицијата, Црвениот крст како и јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и МЈП „Проаква“. Од локалната самоуправа велат дека целта на оваа средба е да се подготви една успешна, но и безбедна летна туристичка сезона. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски потенцираше дека направиле безбедносни анализи на лице место и откриле што според нив претставува најголема опасност по капачите и посетителите на плажите.
„Во претходните години, ретроактивно гледано постоеа одредени аномалии во однос на тоа, но не толку суштински во однос на безбедноста, но во овој момент од она што јас денес го гледам , на што сакам најголемо внимание да се посвети, тоа се платформите кои што се изградени на вода, нивната состојба, бидејќи самите знаете имаме повисок водостој на езерото. Со тоа ударните бранови беа појаки така што доста од тие платформи се во една незавидна состојба. Ние имаме направено една фотодокументација, сакаме да ја презентираме пред претставниците и нормално да укажеме дека тоа може да биде еден сериозен извор на опасност за капачите.“-вели капетанот на Охридската капетанија на пристаништата, Горан Устијаноски.
Концесионерите на плажите пак вината за разрушените платформи ја бараат на друго место. Тие велат дека поради високиот бводостој практично останале без плажи.
„Најголем проблем моментално ни е високиот водостој. Од ЕЛЕМ не е регулиран водостојот. Мора да се регулира затоа што ние како плажи и како град како ќе нудиме туристичка сезона без лежалки, немаме буквално каде да поставиме една лежалка и тоа не е само на мојата плажа. Ситуацијава е општо на целото крајбрежје. Ние не можеме да ги пречекаме туристиве без плажи. Тоа мора да се регулира и ЕЛЕМ да реагира. Да се отвори браната кај Струга кај Црн Дрим, да дојде до поголем истек на езерото, и да се намали високиот водостој. Плус тоа што имавме огромни штети. Јас конкретно на мојата плажа три пати ја реновирав патеката.“-рече Дејан Маслов, концесионер на плажа.
Градоначалникот Бакрачески пак се задржа на договорите за концесии над плажите. Тој вели дека тие договори мора да се испочитуваат до крај и да бидат исполнети сите услови.
„Ќе побараме од концесионерите на плажите покрај ова спроведување на ставките од концесионерските договори посебно внимание да обратат на безбедноста на корисниците на плажите и безбедноста на капачите на плажите. Посебно во делот за придржување на правилата околу користењето односно лимитирање на движењето на скутери, глисери и други пловни објекти. За оние делови од плажите кои имаат платформи за сончање или мостови, да спроведат електрична енергија, доколку треба таа да има контакт со вода, таа струја да не биде појака од 12 волти.“-изјави градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.
Што се однесува до цената за издавање на плажите под концесија, градоначалникот потенцираше дека договорите се валидни до 2017 година и дотогаш не може да се изврши корекција на цените. За дел од оние кои се заинтересирани да земат плажи под концесија пак, цената мора да се менува.
„Јас зборувам за плажите кои не се издадени под концесија. Плажата „Корали“ е сеуште неиздадена под концесија, доколку не може да се раскине договор и симнување на нова цена на квадратен метар, бараме за овие плажи кои треба во иднина да се дадат под концесија, глупаво е да останат напуштени, со локалната да се направи категоризација и сите оние плажи кои не се издадени, тие затоа не се издадени, затоа што не се атрактивни, да ги земеме оние плажи кои не се атрактивни, да ги направиме со содржини, да наликуваат на европски плажи, но пред да ги средиме, да се даде пониска цена на метар квадратен и онаму каде се поставува урбаната опрема, за тоа да се плаќа, а не да се плаќа како минативе години на тревни површини.“-вели поранешниот концесионер на плажа, Илија Џепароски.
Инаку во моментот од вкупно 17 плажи, договор за издавање под концесија е склучен за 14, додека за три не бил пројавен интерес. Од локалната информираат и дека во моментот подготвуваат оглас за издавање под концесија на уште четири плажи за кои чекаат согласност од Министерството за транспорт и врски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град