Екс концесионерите на плажите бараат продолжување на договорите

Поранешните концесионери јавно проговорија за заедничките маки.

 |  Маленкова Татјана  | 
средба екс концесионери плажи
sredba eks koncesioneri plazi

Дел од поранешните закупци на охридските плажи реагираат дека конкурсот кој го распиша министерството за транспорт и врски не е фер и велат дека доколку не се промени нешто ќе го бојкотираат истиот. Категорични се дека уште од 2007 год, кога ги зедоа плажите под концесија, се соочија со неизградено земјиште, по што биле приморани да вложат многу за да го доуредат, со што самите си ја кренале цената на закупената плажа. Современи туш кабини, тоалети, платформи, лежалки, секојдневно чистење од смет, се дел од трошоците за кои концесионерите тврдат дека сеуште не им е вратена инвестицијата.    

„Нашите забелешки се поради повисоката кирија на некои плажи, а на други зголемената квадратура. Ни се бараат банкарски гаранции од милион денари. Зарем не се малку објектите кои ги имаме направено и целокупнтата опрема на плажата дали сериозно не настапуваме со сите овие работи, зошто ние треба да дадеме 6 – 7000 евра камати на банките. Друго е што сме во неизвесност поради честите контроли една мала грешка да се направи се одзема таа банкарста гаранција“, вели поранешениот концесионер на плажата бр. 9 Лагадин, Перко Петрески.

Концесионерите се ктегрични дека досега се што направиле било во корелација со министерството за Илија Џепароски транспорт и врски. Додаваат  дека нивните очекувања уште при потпишувањето на договорите биле дека ќе си ја вратат инвестицијата.

„Нас досега не ни се исплатеше инвестицијата. Плажите од Метропол натаму работат само 50 дена. Т очно е дека договорот го потпишавме, меѓутоа мислевме дека со тоа ќе се разрешат проблемите. Ние работевме по договорот и по сугестиите на министрвото за транспорт и врски. Ние се обидуваме да најдеме начин да си ги вратиме инвестициите, но дали ќе најдеме на разбирање незнам“, вели Виолета Јанеска,  екс концесионер на плажа во месноста Лагадин.  

Поранешниот концесионер на плажата „Корали“ прашува каде се парите кои ги ветуваше министерството за инфраструктурата. Тој како проблем го посочува и тоа што ни една осигурителна компанија не сака да осигура плажа.

„Бараме средба со министерот за транспорт и врски. Моментално  сме во нелагодна состојба, затоа што хотелиерите кои располагаат со плажите со директена спогодба ги добиваат плажит, а за нас тоа не важи.  Мислам дека ќе издејствуваме средба со министрот и на таа средба ние концесионерите кои ги исполнуваме условите кои досега работеа беспрекорно со сите норми и закони да ги земиме плажите по цената по која и досега ги имавме, а сите останати плажи кои бегаат од габаритот слободно транспорт и врски може да ги сруши„, вели екс концесионер на плажа Корали, Илија Џепароски.

Поранешните концесионери уште прашуваат какви правила важат за Струшкиот дел од езерото, затоа што се сомневаат дека концеионерите на Струшките плажи немаат вакви маки.  Апелираат дека мора под итно нешто да се промени, затоа што и доколку нови концесионери би ги добиле плажите, тогаш и тие би се судриле со истите проблеми.

Инаку, минисрвото за транспорт и врски е категорично дека за учество на електронската аукција која ќе се одржи на 18-ти април, идните концесионери ќе мора да уплатат банкарска гаранција од 1 милион денари. И за новите концесионери ќе важат истите правила, а тоа е дека не ќе смеат да наплаќаат за влез на плажите и дека од 40 до 60% од просторот ќе мора да го остават слободен без лежалки и реквизити.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top