Во клубот на КУД „Ѓердан“, младите хористи од „Распеано ѓерданче“ со голем жар се подготвуваат за утрешниот концерт. Денот на жената, 8-ми март ќе се одбележи со звуците на детската песна на градскиот плоштад во 12 часот.
Во клубот на КУД „Ѓердан“, младите хористи од „Распеано ѓерданче“ со голем жар се подготвуваат за утрешниот концерт. Денот на жената, 8-ми март ќе се одбележи со звуците на детската песна на градскиот плоштад во 12 часот. Малите хористи ќе исполнат 9 песнички посветени на мајката, а напишани од авторите Баркоски, Џамбазов и Димов. Децата предпразнично упатуваат искрени пораки до нивните и до останатите мајки со благодарност за се што сториле за нив.
Музичарот и композитор, Методија Баракоски-Менде под чие раководство работи КУД „Ѓердан“ и детскиот хор „Распеано ѓерданче“, ја објаснува одлуката зошто одржуваат концерт на отворено. Од формирањето на хорот во ноември минатата година, па до сега, Баракоски потенцира дека ова им е трет настап под ведро небо. Сакам концертите на отворено да станат традиција дека нешто убаво се случува во градот, а не да бидат затворени во рамките на училиштата и музичкото. Покрај играњето, сакам децата и да пеат затоа што е тоа поврзано едно со друго, додава Баракоски. Кажува дека по одржувањето на овој концерт на градскиот плоштад со хорот „Распеано ѓерданче“ има безброј планови. Открива дека следни концерти ќе одржат и по повод пристигнувањето на пролетта, Велигденските празници и крајот на учебната година. Тој појаснува дека хорот и играорците се отворени за соработка со сите кои имаат желба на нивен својствен начин да им го развеселат секојдневието.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град