Должност на градоначалникот е да воспостави добра комуникација со Централната власт.
Сосема логично е владините министри да се во Охрид бидејќи во градов се реализираат неколку капитални проекти. Ова беше потенцирано на денешната трибина која се одржа во хотел Милениум.
Во изминатиов период не се водеше доволно грижа за културното наследство во регионов.
„Сигурна сум дека кандидатот од ВМРО- ДПМНЕ е човекот кој има чувство за културните вредности и ќе води грижа за нив согласно одредбите и препораките на УНЕСКО“.
Ова го потенцира министерот за култура, Елизабета Канческа- Милеска, на денес одржаната трибина насловена: Зошто на Охрид му е потребен Кирил Трендафилов- Нанче за градоначалник.
„Сосема логично е владините претставници да се во Охрид кога во градов се реализираат неколку капитални проекти“, истакна директорот на Управата за заштита на клутурното наследство.
Министерот за финансии, Трајко Славески потенцира дека за успешно работење на Локалната самоуправа од особено значење е добрата соработка на градоначалникот со Централната власт.
„Воспоставувањето успешна комуникација со Централната власт е должност на градоначалникот“, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, Кирил трендафилов- Нанче.
На одржаната трибина присуствуваа и министерот за образование- Перо Стојаноски, заменик министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, заменик министерот за информатичко општество, Мирјана Секулоска, како и експерти од областа на културата, туризмот, урбанизмот и екологијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град