На ФТУ презентирана програмата за невролингвистичко програмирање, која овозможува креирањето успешни личности.
На ФТУ презентирана програмата за невролингвистичко програмирање, која овозможува креирањето успешни личности. Организатори на оваа презентација беа НЛП Центарот од Белград , кој делува во рамките на Атриа Групацијата чија специјалност се корпоративните тренинзи од областа на комуникациските, продажните и менаџерските вештини, и Факултетот за туризам и угостителство Охрид.
Денешниот тренинг преставува почеток на една подолгорочна соработка на центарот со ФТУ . НЛП е комуниациски модел кој што е базиран на субјективната студија на промената усовршувањето и комуникацијата и е применлив широко во сите аспекти во животот.„Ова е еден е од најефективните комуникациски модели кои го применуваат врвни професионалци од различни области, во спортот, бизнисот, личниот и професионалниот развој, особено во професии поврзани со луѓето и комуникацијата“, истакна координаторот за отворени програми на НЛП Центарот за Република Македонија и модераторот на тренгот Елена Антоновска Едизер.
„НЛП се однесува на промена и она што денеска го правиме се обидуваме да дојдеме во допир и да им го доближиме на присутните НЛП барем во мал дел од она што е тренингот или обуката од тоа што се занимава НЛП. Овде имаме теоретки дел, практичен дел вежби каде што луѓето ќе можат да креираат искуства и да им биде одговорено на различни прашања кои нив ги допираат во однос на оваа тема“, вели модераторот Елена Антоновска Едизер.
Обуката на ФТУ ја следеа професорите ,студентите како и заинтересиани од различни области. Сите кои учествуваа на тренингот се запознаа со принципите за комуникација.
„Информацијата е една од најважните човечки ресурси на сите луѓе и компаниите, меѓутоа за таа информација да биде споделена или добиена неопходна е комуникација. Токму денеска учевме како тие комуникации треба да бидат ефикасни и успешни за да развиваме успешен бизнис. Драго ми е што на нашиот факултет како и претходните други организрања се обави една ваква успешна обука и се надевем дека во овој месец мај кога завршуваат предавањата и вежбите со студентите овој месец е предвидено понатамошни обуки, доусовршувања, проекти организирање на конференции така и ќе продолжиме и во иднина со овие активности“, вели проф. Д-р Јаготка Стрезоска.
Модераторот Антоновска Едизер открива дека луѓето откако ќе ја завршат целата обука може да дојдат до резултати многу лесно и многу брзо доколку ги применуваат техниките и алатките. Тоа значи дека вежбата е најдобриот начин промената и успехот да дојде од несвесно на свесно ниво. „Се зависи од тоа колку човекот е лично ангажиран и ги применува методите“, вели Едизер. Таа до сите заинтересирани за оваа програма упати и порака.
„Промената е неизбежна и се случува секој ден, дали сме ние свесни за тоа или не. Подобро е да ја предизвикаме свесно и да биде под наша контрола отколку да биде предизвикана од фактори кои не можеме да ги контролираме. Затоа НЛП нуди различни техники и вештини кои што може секој да ги примени и да ја носи личната одговорност за својот живот“, вели модераторот Елена Антоновска Едизер.
Обуките на НПЛ Центарот од Белград се акредитирани од страна на признати меѓународни институции, како што се: Меѓународната асоцијација на НЛП Институти од Берлин, Меѓународната coaching асоцијација, исто така од Берлин и Бесер – Сигмунд Институтот од Хамбург.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град