Комунални редари ќе ставаат ред во запуштените дворови и зелените неодржувани огради.
Комуналната инспекција најавува акција за расчистување на градските запуштени дворови и зелени, неодржувани огради. Некои од нив преставуваат и вистинска опасност по безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот. Други пак се вистински срам за урабното живеење. Еден таков двор се наоѓа на Булевар Туристичка. Просторот е ругло за градот укажуваат граѓаните, а признаваат и инспекторите. Од комуналната иснпекција потврдуваат дека се запознати со овој комунален проблем и најавуваат доколу до 15 јули сопствениците не го расчистат дворното место тоа ќе го стори Комуналец. Расчистувањето ќе го наплатат од сопствениците, а ќе им биде поднесена и прекршочна пријава.
Против сопствениците кои не се грижат за одржување на своите дворни места и зелени огради ќе фрчат високи парични казни.
Главниот комунален инспектор укажува дека сопствениците кон дворните места и зелените огради треба да се однесуваат посериозно и треба да се грижат за уредување на зелените површини . Бараат подршка и од судот да застане на нивна страна и да решава по нивните пријави.
Досега Комуналната инспекција до несовесни граѓани изрекла 18 прекршочни пријави. Во постапка, по нив решава Второстепената комисија при Министерсвото за транспорт и врски која треба деновиве да изрече и глоби во висина од 150 евра велат од комуналната инспекција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град