Директорот на ЈП Охридски Комуналец обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ во врска со новите вработувања во ова претпријатие ги нарече голема лага. Тој тврди дека нововработените не се партиски војници туку реална потреба на претпријатието.
ВМРО ДПМНЕ на своите пресс конференции континуирано ги лаже граѓаните. Нема да дозволиме охриѓани да помислат дека овие лаги се вистина, рече директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алче како реакција на обвинувањата упатени кон ова ЈП од страна на ВМРО ДПМНЕ, а во врска со најновите вработувања.
Пред околу еден месец ја обвинија Локалната дека не аплицирала на владиниот проект за вработување на лица постари од 50 год. или нискоквалификувани кадри, а сега не обвинуваат за новите вработувања, вели Алче. 21 лице кои се нововработени се реална потреба за обавување на дејноста на Комуналец, а не се никакви партиски војници како што не обвинуваат, тврди Алче.
Директорот на Комуналец потенцира дека претпријатието се наоѓа во добра кондиција и дека секој први во месецот вработените земаат плата, а околу обвинувањата од страна на ВМРО ДПМНЕ за долгот на овааа претпријатие кон ЕВН вели дека тој ќе биде сервисиран со пребивање на долгот што ЕВН го има према Локалната. Со свое објаснување и за обвинувањата дека услугите на ова претпријатие неколкукратно се зголемени. Алче вели дека одкога е тој директор само еднаш дошло до поскапување, а тоа се должи на серијата континуирани поскапувања на сите суровини кои им се потребни за обавување на нивната дејност.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град