„Комуналец“ работи како што треба

„Јавното претпријатие „Комуналец“ не и должи на државата, туку државата му должи на „Комуналец“, реагира првиот човек на претпријатието Сашо Алчев.

 |  Крсте Голабовски  | 
Alcev Sasho
Алчев Сашо

Kamion„Јавното претпријатие „Комуналец“ не и должи на државата, туку државата му должи на „Комуналец“, реагира првиот човек на претпријатието Сашо Алчев.

Оваа реакција доаѓа по соопштението од Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ, во врска со Законот за плаќање на рати на даночните долгови на јавните претпријатија.

Донесувањето на Законот за плаќање на рати на даночните долгови на јавните претпријатија не е параван кој ќе го сокрие Вмро Дпмне и ќе ги убеди граѓаните во нивните добри намери, велат од ЈП Охридски Комуналец. Од таму  реагираат на обвинувањата упатени од страна на општинскиот комитет на ДПМНЕ во врска со менаџирањето со ова претпријатие.

„Станува збор за невистини и лоши квалификации кои директно се однесуваат на работењето на ЈП „Комуналец“, истакнува Алчев.

Тој  тврди дека ова јавно претпријатие должи на државата 3.342 000 ден  по основ обрски за ДДВ и тоа обврски од 2009 година. Но, од друга страна државата на ЈП му должи 10.050 000 ден, по основ обрски на државните јавни претпријатија, минстерствата и обврски од други јавни претпријатија. Разликата која државата му ја должи на „Комуналец“ , изнесува  околу 6.800 000 денари, што се доволни за опремување на возниот парк на претпријатието со уште две возила. Алчев додава, дека донесувањето на овој закон нема во голема мерка да му помогне на охридски „Комуналец“.  

Алчев потенцира дека се правени обиди да се пребијат побарувањата од должниците со своите обрски кон нив, но безуспшено. Така во 2009 година по основ на ДДВ, персонален данок и данок на добивка, „Комуналец“ платил 8.600 000 ден. Првиот човек на „Комуналец“ истакна дека овој менаџерски тим е пример за успешно работење на едно јавно претпријатије во Македонија. Алчев е убеден дека овој тренд и во иднина ќе прдолжи.

Како едни од поголемите  должници на „Комуналец“  се Болниците, со долг од 440 000 ден, потоа училиштата, со 350 000 ден, државните јавни претпријатија со долг од 4.400 000 ден и Министерството за финансии со долг од 3.200 000ден. Ианку со овој закон се предвидува плаќање на долговите на јавните општински претпријатија на рати, на 10 години, со грејс период од 3 години, без камати.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top