Комуналец доби зелено светло од Охридските советници, за продажба на два деловни објекти.
Првиот човек на ЈП вели „Продаваме осносвно средство, за да купиме основно средство“. Советниците од ВМРО ДПМНЕ, не се сложуваат со овој потег на ЈП, вели координаорот на советничката група.
ЈП Охридски комуналец доби зелено светло да продаде два деловни објекти. Оваа предлог одлука помина кај дел од градските избраници на советот на град Охрид. За неа гласаше коалицијата на советот на последната седница на 14 септември, во чиј што процес на гласање не присуствуваа советниците од ВМРО ДПМНЕ. Координаторот на оваа советничка група Борис Стефаноски на една од паузите се изјасна дека советничката група од ВМРО ДПМНЕ е против отуѓување на деловни простории на ЈП. Тој уште појасна дека предлог одлуката не е комплетна и дека ЈП нема наведено доволно објаснување за овој чекор.
ЈП Охридски Комуналец ќе продаде два деловни објекти за да го поднови возниот парк стар неколку децении, вели првиот човек на ЈП, Сашо Алче.
– Во изминатиот период се случуваа чести дефекти на возилата за собирање комунален отпад кои се стари над 25 години, па така отпад во Охрид се собираше со „тамчиња“ и трактори. Таа слика во иднина ќе ја нема и затоа продаваме основно средство за да купиме основно средство во рамките на дејноста, рече Алче.
Алче вели дека со новите возила ќе се заштеди затоа што двојно ќе биде намалена потрошувачката на гориво, а ќе се намалат и трошоците за одржување и ќе се подобрат условите за работа на вработените. Тој посочи дека деловните објекти кои ќе ги продаде „Комуналец“, јавното претпријатие не ги работи туку ги издава под кирија. „Охридски Комуналец“ наскоро до советниците ќе достави елаборат за набавка на нови возила за одржување на јавната хигиена, најави јавното претпријатие.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град